ЧЛЕН НА ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „МАКОШПЕД“ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА - кој ќе го наследи Никола Лазаров
Објавено во: Економија 09 Април, 2024
Оставка поднел еден од членовите на Одборот на директори на шпедитерската компанија во земјава „Макошпед“ и тоа неизвршниот член на Одборот, Никола Лазаров. Оставката ќе стапи на сила до денот на одржување на акционерското собрание, а дотогаш тој ќе ја врши функцијата.
Компанијата за ова ја извести инвеститорската јавност преку берзата.
„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување: Согласно Правилата за котација, ТД Макошпед АД Скопје известува дека неизвршниот член на Одборот на директори Никола Лазаров поднесе оставка од функцијата. Функцијата неизвршен член на Одбор на директори ќе ја врши до денот на одржување на годишното собрание на акционери кога оставката стапува на сила“, се вели во кусото образложение кое пристигна од оваа компанија.