27 Април, 2024
0.0271

ЧЕВЛАРИТЕ КУБУРАТ ЗА КВАЛИТЕТНИ И МЛАДИ РАБОТНИЦИ: Каде ќе го бараат спасот?

Објавено во: Економија 16 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Дека чевларските фирми многу тешко наоѓаат вредни, млади работници кои добро си ја знаат работата, потврдува Лидија Милановска, претседател на Здружението на чевлари од Куманово.

Таа објаснува дека повеќето работници во овој сектор се жени, и тоа во зрели години, а младите не се гледаат себе си во чевларскиот сектор. Милановска вели дека многу од родителите се надеваат дека нивните деца по завршување на образованието ќе заминат во странство, што дополнително претставува проблем и губење на потенцијална работна сила. Откако работниците кои сега имаат 50 години ќе заминат во пензија, ќе се јави недостиг од чевлари, слично на прогнозите за судбината на текстилната индустрија.

„Платите и не се толку ниски во однос на други работни места. Во шивалните се движат од 12.000 до 16.000 денари, а во монтажа и до 20.000 денари. Младите пребираат работа, не им се работи во производство. Сум имала случаеви кога работничка ќе замине да работи во маркет, и по еден месец ќе се врати затоа што е тешко да се носат гајби. Размислуваме да направиме нешто да продолжи традицијата на чевли во Куманово“- додава Милановска.

Милановска вели дека со цел да се спречи оваа појава, преземаат мерки за да  ги натераат младите да се вклучат во чевларскиот сектор.

„Единствена шанса ни е да изградиме нови производствени погони со подобри услови за работа со кои ќе привлечеме уште странски фирми за кои можеме да работиме. Но, и овие за кои сега работиме ни бараат поголемо производство, ама нема кој да работи. Имаме соработка и со средно училиште за уписи оваа година. Се работи за нова насока „дизајнер и моделар“ и се надеваме дека ќе бидат завршени сите подготовки за оваа насока да ја има од септември. Ние не се откажуваме како здружение. Ќе се потрудиме да им презентираме на децата од 9 одделение кои се со послаб успех дека работата не е тешка и дека може да се живее со овие приходи и дома. Исто така сакаме да им помогнеме и праксата да им ја плаќаме“ – рече Милановска.

Македонските чевларски фирми работат за германски и италијански компании, а се извезува во цел свет. Европа, Америка и Русија пак се најголеми увозници на чевли. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра