Цел главен град на протест поради узурпација на ноќниот живот
Објавено во: Свет 14 Мај, 2018
Стотици луѓе излегоа на улиците на Тбилиси да протестираат откако полицијата влегла во два популарни ноќни клуба во главниот град на Грузија, налутени поради, како што велат, прекумерната употреба на сила од страна на полицајците.
Грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили во телевиско обраќање ги повика учесниците на протестите во Тбилиси мирно да демонстрираат.
„Секакви судири во земјата и поделби на општеството се неприфатливи за грузиските власти и грузискиот народ“, изјави тој во обраќањето, наведувајќи дека властите имаат строга позиција спрема дилерите на дрога.