19 Мај, 2024
0.0299

Бујар Османи: Имаме 30 отсто процентност на одбиеност на визи за САД

Објавено во: Македонија 18 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеп“ на ТВ Алфа рече дека интересорска група работи на можноста за укинување на визите за патување во САД, но дека е многу голем процентот на одбиеност.

„Еден од условите е процентот на одбиеност на барањата за виза да биде под 5 проценти, но за жал ние сме на 30 проценти одбиеност на визи и мора да го подобриме системот за процентот да падне под тој праг за да се повлечат визите“, рече Османи во емисијата.

Шефот на македопнската дипломатија тврди дека почеток на Стратешки дијалог меѓу Македонија и САД нема да биде компензација за евентуалнно неотпочнување на преговорите со ЕУ и уште една блокада од Бугарија во јуни. Османи тврди дека станува збор за издигнување на односите со САД на едно повиоско ниво

„Јас не го гледам тоа како компензација за евентуалното недобивање датум од ЕУ. Јас никогашп не гледам на тоа како на алтернатива на тие два процеса, туку како на комплементарни, тие се надополнуваат еден со друг. Дијалогот по 14 години е реализација на стратешката изјава од 2008 и да ја ставиме во рамка, да создадеме систем за мониторинг на имплементацијата на приоритетите. На 2 јуни одиме во САД, од американска страна процесот ќе го води Керен Донфрич, тој е секретар за Европа и Евроазија“, тврди Османи.

Тој дополни дека МНР секоја недела реагира на употребата на придавката „северномакедонски“

„Нема недела да нема реакција, обично во земјите каде граматиката е таква, како во Германија, но грешките се нанемирни“, вели Османи.


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“