04 Мај, 2024
0.0255

80 години од фашистичкото стрелање на ваташките младинци

БУГАРСКОТО ЗЛОСТОРСТВО ЈА РАСПЛАКА МАКЕДОНИЈА

Објавено во: Колумни 19 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Денес се навршуваат 80 години од крвавото злосторство кога во 1943 година фашистичкиот бугарски окупатор со стрелање ги прекина животите на 12 младинци од Ваташа, Кавадаречко. И овој пат не можеме, а да не ги изнесеме сеќавањата од ова револуционерно тиквешко село за познатиот злостор што за потресе Тиквешијата, а jа расплака и цела Македонија.

Тука во Моклиште - долината на младоста, високо се издига грандиозниот споменик на Револуцијата. Во знак на благодарност и трајно сеќавање, пионерите, младината, граѓаните на нашата Република речиси секоја година го посетуваат споменикот на непобедените, поклонуваки им се на храбрите врсници кои пред 80 години нивните училишни клупи ги напуштилја за секогаш. Нивното херојство изминативе децении се преточи во легенда и во песна.

Поради се поуспешниот развој на Народноослободителното движење и неуспешниот обид со деноноќна осумдневна офанзива за да ги уништи партизанските одреди "Добри Даскалов" и "Сава Михајлов" кои оперираа во Тиквешко, бугарскиот фашистички окупатор за да го застраши и одврати населението од овој крај за вооружено востание, на 16 јуни 1943 година токму на роденденот на бугарскиот престолонаследник Симеон Трневски го изврши најкрвавото злосторство. Тогаш бугарските фашисти го загубиjа трпението, па решија роденденот на престолонаследникот да биде свечено прославен !?

Тој ден кога пролетта бликаше во најголема раскош, цутеа цутовите, мирисаа и шумолеа јаворите и брезите, уште во раните мугри на средсело зачука барабанот. Сите што слушаа, излегоа. Се собраа пред селската кафеана и селаните ја слушнаа наредбата: оружје, муниција и облека, секој што има во својот дом да ја донесе пред кафеаната. Ваташани донесоа стари матарки, ќебиња и други незначајни предмети. Оруже не донесе ниту еден. Меѓутоа, врз основа на една фотографија од еден мајски излет со другарите од Ваташа, а до ден денешен остана непознато како таа фотографија дошла во рацете на бугарскиот поручиник Костов, па врз основа на направените снимки издаде наредба, во селската кафеана да бидат доведени 12 млаинци, небаре бил убеден дека стројните момчиња од фотографијата соработуваат со партизаните. Потоа, тој побара во кафеаната да се доведат и младинките: Стева Ампова, Павлина Касапинова, Невена Хаџи Јорданова, сестра на веќе фатениот Васил Хаџи Јорданов и Ката Мешкова (Ицева), сестра на Блажо Ицев, кој исто така и тој бил во Кафеаната.

Пред неколку години кога бев активен новинар имав прилика за ваташкото клање да разговарам со повеќемина постари жители од селото и со Павлина Касапинова, една од четирите другарки на стреланите скоевци од Ваташа, која под силна стража била приморана да го следи овој крвав чин врз нејзаините другари. Еве како таа автентично ги евоцираше настаните од илјада деветстотини четириесет и третата:

- "Таа година на Први мај, бевме на излет во Моклиште и, како по традиција тогаш со 12 наши другари за споен се фотографиравме. Кобната фотографија беше причина и повод сите да не доведат во селската кафеана. По краткото испитување, секого од нас го ставаа свртен кон ѕидот, а поручникот Костов, одвреме навреме дигнуваше чоканчиња полни со ракија. Почнаа да не прашуваат и да ни кажуваат дека им е познато кога не примиле во СКОЈ! Одговаравме како ништо да не знаеме и дека прапат слушаме за CKOJ!? Иако најстариот од нас Васо Хаџи Јорданов, сопственикот на кафеаната постојано и одвартно го служеше со ракија Костов, меѓутоа, суровоста на џелатите сега веќе не престануваше, па со сите расположливи средства удираат по изнемоштените другари, а ние преплашени, набргу како да занемевме пред суровиот чин. Сите беа окрвавени, Диме Чекоров одвај стоеше, зашто тој беше мачен уште пред да го доведат во кафеаната. Немилосрдно го тепаа и со раце, и со нозе и со се што можеа и што им беше при рака. Ниту еден од нас не изусти ништо, кај никого не најдоа оружје, освен проколнетата фотографија што, ете, ни ја донесе назстрашната казна !?

-А потоа еден од полицајците jа отвори вратата и нареди да излеземе надвор каде што сонцето печеше како под вршник. На улицата пред кафеаната, догледавме долга колона полицајци и војници со машинки и пушки в раце. Поручникот Костов на 12 наши другари им нареди да се постројат во колона, а зад нив не построија и нас - четирите девојки. Војници и полицајци воорушени до заби за миг не заградија од обете страни и наредија да тргнеме кон Моклиште.

Припекот се повеќе жежеше, а кога наближивме до Дуловото Долче, ни наредија да свртиме кон ливадата, во близина на јаворовите стебла. Потоа на другарите им рекоа да се наредат еден до друг, божем ке ги сликаат, ги натераа да запалат и цигара. А нас. девојките, не прејаде јасникот . . . ако ги фотографираат тогаш и нас треба да не остават со нив. Во еден момент Костов се сврте кон нас девојчињата и на бугарски изговори: "Пронајдете детелина со четири листа и сите ке ве ослободам". И, покра нашата недоверба,раскажува понатаму Павлина Касапинова, веднаш се нурнавме низ зелениот килим и со брзи движења на рацете бараме детелина со четири листа. Никако да пронаідеме!

- Во тој момент полковникот Костов нареди војниците да застанат пред момчињата. Најстариот наш другар Васо, скришум фрли поглед кон реката Луда Мара и во едн миг, со неколу чекори, ја прескокна водата и трчаше кон шумичката, небаре ке се домахне до слободата. Меѓутоа се беше доцна.

- „А сега бој! Стрелајте!“ - им нареди Костов на војниците.

Фашистите беа сосема близу до момчињата и не им беше тешко да ги изрешетат нашите другари, истурајќи смртоносни рафали врз нивните тела.

Настанаа пискотници. Ние четирите девојки со силен плач се собравме во куп, ги корнеме косите. . . А мојата другарка Стевка пронашла детелина со четири листа и трча кон Костов:

- „Господине не убивајте! Најдовме детелина со четисри листа.“, тој се свртува и со силен удар за струполи на земјата. А кутриот Васо, само толку успеа да побегне - триесетина метри од неговите другари . . . Другата група војници стрелаше и по Герасим кој побегна по Ввасо, но и него го погодија повеќе рафали!

Се фрливме врз мртвите тела на нашите другари, војниците не тргаат од нив, а целатите со бајонетите бездушно ги избодуваат во младешките гради, во топлите срца . . . Потоа крвниците ги превртуваа жешките мртви тела на 12-те наши другари, им ги претресуваа џебовите, а оние што имаа рачни часовници им ги вадеа од рацете!? Најмногу ги искасапија труповите на Диме Чекоров и Блажо Ицев, кој иако беше тешко ранет во главата, сепак покажуваше знаци на живот."

Ете тоа ни го раскажа Павлина Касапинова, една од преживеаните другарки на дванаесетмината скоевци од Ваташа.

Измасакрираните момчина ги оставија на пеколното сонце, а селаните од Ваташа масовно тргнаа кон Моклиште. Ги зедоа мртвите тела на нивните деца, ги донесоа под бујните јаворови стебла . . . ископаа гробови, одоздола послаа млади зелени фиданки од јаворовите стебла и ги положија во гробовите и дури тогаш ги покрија со земја . . .

Народот наместо да се исплаши, се крена на масовен бунт против бугарскиот фашистички окупатор. Партизанските одреди прераснаа во бригади. Само неколку месеци потоа во Ваташа е формирана и втора скоевска група. На таков начин, оваа мала тиквешка населба почнува да игра видна улога во развитокот на Народноослободителното движене во Тиквешијата и насекаде во Македонија. Благодарение на една ваква одговорна младина, со висок револуционерен морал, со длабока конспиративност, несебичност и оптимизам, ваташките скоевци оставија ненаметлив авторитет среде населението од овој крај. На тој план неоспорен придонес има и традицизата на револуционерното минато на Ваташа, а особено се чувствува револуционерното влијание на Страшо Пинџур, Димката Ангелов-Габерот, Мито Хаџивасилев-Jасмин, Ристо Џунов - Бацко и други борци на НОВ, членови на КПЈ од Ваташа и Тиквешијата.

То чин на свирепото убиство врз 12-те ваташки цветови ќе го опее и поетот Лазо Караовски во стиховите: "Во некое село, во Тиквешко, кај тивко венеше цвеќе, убија дете". А, поетот Лазар Манчевски - Пинџур, ваташката трагедија ќе ја овековечи со песната: "Ми заплакало селото Ваташа". Низ едноставна метафора се открива локацијата на стрелавето, а жителите во селото (народот) се претвара во колективен плач, лелек, тага за загубените синови, а убиството се опишува преку стиховите: "Дванаесет роса младинци носат во Моклиште, горе долови".

Потоа следува колективен пораст на гневот, отпорот се зголемува, народот се крева против бугарскиот фашистички окупатор, што исто така е апострофирано во стихот: -"и тргна смело да затре семе фашистичко клето за на век".

По извршеното тешко дело, ѕверство и невидена бруталност, бугарските војници со марширање "победнички" сакале да поминат низ Ваташа и Кавадарци. Кога стигнале во селото, ги виделе црните шамии што веке се вееле на селските порти, а од секоја куќа се слушал силен плач, лелекање . . . , па гробарското дефиле на бугарските фашисти молкнало и со наведнати глави тивко поминале низ селото.

До ден денешен и по осум децении остана омразата за ваташкото злосторство и ниту една генерација тоа не го заборава. И со ваташкиот крвопис, жителите од овој крај на своите потомци им го пренесуваат аманетот, да се потсетуваат на стрелањето на: Васил Хаџи Јорданов-26, Блаже Ицев-18, Пане Дунов-18 , Диме Чекоров-18, Илчо Димов-18, Пане Мешков-15, Данчо Дафков-15, Герасим Матаков-17, Ванчо Гурев-18, Ристо Ѓондев-18, Перо Видев-15 и Ферчо Поп-Ѓорѓиев-22 години.

Пред споменикот на ваташките младинци денес ќе се евоцираат спомени, на голем народен собир, на кој ќе присуствуваат илјадници грагани од целата Република, уште еднаш ќе се потсетиме од настаните во 1943 година за колежот на ваташките скоевци, а на денешните генерации да им посакаме никогаш да не ги видат ѕверствата на пушките, на

бајонетите и врелината на куршумите. Токму затоа и по 80 години спомените не избледуваат, жртвите на нашата борба не се забораваат, а ваташкото злосторство останува вечно во нашите срца, во нашите мисли . . .

А денес пак, кога нашите соседи ја проблематизираат нашата историја, нашиот идентитет, нашиот јазик, да не се заборави делото на ваташките скоевци, па од сите можни страни, оваа убава татковина треба да се брани, оваа слобода треба да се чува . . .

ВО РАМКА

СТРЕЛАЊЕТО НА ЉУБЕН АПОСТОЛОВ

По ослободувањето, наши агенти, во една кафеана во Софија го препознале Љубен Апостолов кој бил командант 56 пешадиски полк, стациониран во Велес, го киднапираат и тајно го донеле во Кавадарци.

Судењето на Апостолов, главниот наредбодател за колежот во Ваташа, предизвика вонредно интересирање меѓу населението од Повардарието и Тиквешијата. Големата сала во монополот во Кавадарци се исполни до последното место и на тој ден - 21 јуни 1945 обвинетиот седна на клупата пред Народниот суд, а зад него масата народ со скандирање постојано извикуваше - “Смрт со бесење за колачот, за ѕверот . . .“. Пред судот тој се обидел вината да ја префрли на Петко Опреков - полициски началник во Кавадарци ама морал да ги извршува и наредбите што пристигнувале од царската порта во Софија.

Пресудата гласеше: “Смрт со бесење“. Така уште во раните мугри Апостолов беше стрелан на периферијата во Кавадарци, во близина на “Тиквеш - транс“.

Дел од фотографиите се од Музеј - галерија Кавадарци.

Ристо Поповски

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина