Брнабиќ на средба со Ковачевски во Скопје
Објавено во: Македонија 18 Мај, 2022
Во официјална посета на Македонија денеска ќе биде српската премиерка.
Според најавите Ана Брнабиќ ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски.
По средбата, Брнабиќ и Ковачевски ќе учествуваат на премиерскиот панел „Градење просперитетна иднина: улогата на регионалната соработка“, кој се одржува во рамки на самитот „Македонија 2025“.