Борисов смета дека во блиска иднина нема да добиеме датум за преговори
Објавено во: Балкан 01 Јули, 2019
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов во разговор со новинарите на вонредниот самит на ЕУ во Брисел најави дека Македонија и останатите земји од Западен Балкан нема да добијат преговори со ЕУ во блиска иднина.
Зборувајќи дека Бугарката Кристалина Георгиева отпаднала од трката за наследничка на високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, Борисов рече дека многу веројатно нема да има покана за земјите од регионот, а Бугарија не сака да биде обвинета дека токму таа го попречува проширувањето.
„Многу е веројатно земјите на Западен Балкан да не бидат поканети. И тогаш – Косоварите, Албанците, Македонците, Србите… ќе речат дека заради Бугарката не добиле покана“, изјави Борисов во Брисел.
И францускиот претседател, Емануел Макрон изјави дека е против проширување на ЕУ.