03 Мај, 2024
0.0259

Борбата со канцерот ме научи како да живеам

Објавено во: Стил 09 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

„Кога ќе ме праша некој што ми се случило и низ што поминав му велам да не ме прашува тоа, тоа што било поминало. Прашајте ме што научив за да ви го пренесам, за да не морате и вие да го поминете тоа. Тоа што поминало ни на непријателите не им го посакувам“, со овие зборови ја почна својата приказна 35-годишниот Паскал Краповски. Toj, како и секој млад човек, живеел со „полна брзина“. Сакал да ги достигне професионалните височини, да го вкуси успехот, да се изгради во вистински професионалец. Но, кога на свои 34 години планирал да го прошири своето семејство, животот го предупредил.

„Бог ми удри шлаканица сметајќи дека нешто не чини во мојот начин на живот. Ми удри шлаканица за да продолжам да живеам, во исто тело, но посилен и со поинакви размислувања за животот“, се надополнува Паскал.

20 сантиметри туморска маса во градите

Шлаканицата била 20 сантиметри туморска маса во градниот кош, дијагностицирана во напреден 4. стадиум. Тие 20 сантиметри му ги потиснувале белите дробови, срцето и желудникот. Како последица на ова дишел сè потешко.

„Ми се наду главата, не можев да спијам, не можев да јадам, имав висока температура навечер, а не можев да почнам со терапии бидејќи по 3 биопсии немав точна дијагноза. Чекавтри месеци да ми се постави точна дијагноза на туморот, за да почнам со лекување. На крај, конечно, ми поставија дијагноза. Но, пред Нова година еден пријател замина за Германија, го замолив да ги однесе моите резултати кај еден пријател патохистолог за да ми ја потврди дијагнозата. Оттаму ми стигна порака со сосема поинаква дијагноза. Бев збунет и побарав трето мислење. Воспоставив комуникација со Клиничката болница „Аџибадем Систина“, ги донесов сите резултати и наоди кај д-р Катерина Кубелка, која ја потврди дијагнозатаод Германија и така почна моето лекување“, раскажува Паскал Краповски.

Конечно, по три месеци Паскал требало да почне со терапија. Но, дополнително се појавиле проблеми со неговото срце. Веднаш бил примен на Одделот за кардиологија во „Аџибадем Систина“.

„Ме пратија на Одделот за кардиологија каде ме прими д-р Даниела Пројевска. Мораше да ми се извади течноста од градите за да можам да се лекувам. Имав среќа да се најдам вовистински раце бидејќи д-р Пројевска е прекрасна личност. Заедно со д-р Жарко Христовски ми извадија течност од левиот бел дроб. По ова бев спремен за новиот предизвик“.

Интензивна хемо и зрачна терапија

Веднаш по дренажата на срцето, Паскал почнал со хемо и зрачна терапија во Ценатрот за онкологија и радиотерапија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, која траела5 месеци. Туморот не можел хируршки да се отстрани бидејќи како што растел обвиткал артерии.

„Примив 4 циклуси хемотерапија. Потоа продолжив на зрачна терапија на акцелераторот TRILOGY. Имав вкупно 20 зрачења. Беше исцрпувачки, но не се предадов“, објаснува Паскал.

Докторите ме водеа низ целата битка

Во текот на целото лекување Паскал, како што вели, создал ментална бариера и не дозволил болеста да влијае врз него. Најголемата поддршка ја имал од своето семејство ивереницата кои постојано биле покрај него и го бодреле. Заедно со тимот од Ценатрот за онкологија и радиотерапија во „Аџибадем Систина“.

Паскал успеал да се избори со предизвикот

„Д-р Славица Кралева и д-р Дева Петрова ме водеа низ целата битка. За сè што имав да прашам, да споделам, одев кај нив. Докторите ме прифатија со насмевка на лицето, мидадоа комплетни информации, ме прифатија како да се знаеме цел живот. Беа тука за секое мое прашање, за секоја нејаснотија. Ниту еднаш не ме одбија. Нутриционистот АнаАнтовска ме советуваше околу исхраната. Тоа е моментот од кој комплетно сум задоволен. На прво место е стручноста на тимот, потоа пристапот кон пациентите и квалитетотна болницата. Знам каде се лечам, знам што да очекувам и тоа што го очекувави го добив“, раскажува Паскал за своето искуство од лекувањето во „АџибадемСистина“.

По терапијата туморот се повлече

Терапијата набрзо почнала да ги дава резултатите. Туморот од 20 се намалил на 10 сантиметри. Последниот ПЕТ скен покажал 5 сантиметри неактивна туморска маса. Сепак, за Паскал најтешки мигови биле кога ги чекал резултатите од ПЕТ скенот. „Секое доаѓање на пет скен или на контрола се надеваш на позитивни резултати. Се чувствуваш како кога чекашрезултати на испит. Кога ми пристигна првиот пет скен резултат се почестив себеси со чиз кејк и пиев кафе иако бев на ригорозна исхрана. Утредента пиев и пиво“, ги опишува моментите кога дознал дека победата со канцерот се ближела.

Паскал научи како да се избори со целат а болест, да добие сила и да сфати дека можностите за излекување се големи. Тој порачува дека како и за сè во животот така и за канцерот треба да се бориш. Неговата борба повторно говратила на животниот пат. Но, овој пат, поинаков и посилен со нови погледи кон животот.

Што научив од канцерот...

Сфатив дека мора да се смени начинот на живот и повторно да се споиме со природата. Терапиите се важни, но и начинот на живот, за полесно да ги поминеш терапиите. Овошјето и зеленчукот присутни се во мојата исхрана секој ден. Сменив исхрана, начин на живот, тренирам, физички сум активен, шетам. Одам на тренинг кун фу и имам многу енергија. Имаше моменти кога духовно паѓав бидејќи човечката психа е многу кршлива и кревка. Имаше, но беа ретки и поврзани со прашањето дали ќе има крај, со надеж дека крајот ќе дојде побрзо и ќе се разбудам од лошиот сон. Свесен бев дека има крај, но има и пат кој треба да се изоди. Тоа ме водеше низ сите овие моменти. Не дозволував мојот живот тука да прекине бидејќи знам дека имам уште многу што да дадам, не само за музиката и општеството. Имамсвршеница дома, замислете да ми се случеше нешто, што ќе беше со неа, со татко ми, брат ми,внуката. Тоа беше тоа што ме држеше и правеше силен. Без оглед на тоа што би се случило,без разлика на резултатот мораме да го живееме животот до последен здив. Затоа велам почнете го денот со насмевка како што вели големиот Петре Прличко „Насмеј му се на огледалото и тоа ќе ви се насмевне вам“.

(Извор: cancertreatment.mk)