19 Мај, 2024
0.0288

Битола продаде уште 7 парцели во индустриската зона Жабени

Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Седум нови парцели за изградба на стопански објекти во индустриската зона Жабени се веќе продадени, информираше градоначалникот на Битола Владимир Талески, кој додаде дека општината продавала и градежно земјиште во градот за изградба на згради и куќи.

„Во индустриската зона Жабени продадени се седум парцели за стопанство со што вкупно досега се продадени 49 парцели во таа зона. Во текот на вчерашниот ден во населбата „Ушици“ се продадоа 3 парцели за индивидуално домување со што бројот на вкупно продадените парцели сега е 25, додека бројот на вкупно продадените парцели за домување во поранешната касарна е 85“, соопшти градоначалникот. На подрачјето на општина Битола, односно во поранешната касарна, во индустриската зона „Жабени“ и на граничниот премин Меџитлија продадени се 4 парцели за изградба на хотели, додека пак во непосредна близина на хотелот „Битола“ во овој град, во текот на вчерашниот ден по извршеното јавно наддавање продадена е парцела за изградба на станбен комплекс, односно колективно домување. Парцелите за индивидуално домување постигнале цени од 577 до 3.400 денари за метар квадратен, додека парцелата за колективно домување била продадена по цена од 4.160 денари за квадрат. Правилата за градба и користење на општинските бенефиции им наложуваат на инвеститорите во рок од 9 месеци да ја завршат процедурата за добивање дозвола за градба, а во рок од 6 години да го завршат и пуштат во употреба својот објект, појасни Талески.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“