14 Мај, 2024
0.0232

„Бибиверзум“ – нов модел за современо образование на нашите деца

Објавено во: Мои пари 22 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Колку едно општество вложува во образованието на децата, толку тие деца кога ќе пораснат, соодветно ќе му вратат на општеството. Македонското образование никако да прележи некои „детски болести“ и да им понуди на нашите деца знаење со кое ќе можат да го освојуваат светот. Тимот на „Светот на Биби“ сака да влијае за ова да се смени. Затоа наскоро започнуваме со наши мали, но важни чекори во револуцијата на образованието на децата. 

Веќе добро знаете дека сезнајката Биби е неуморлива и љубопитна. Во новата сезона, Биби не само што ќе ви ги раскажува своите нови сказни на нејзиниот јутјуб-канал туку ќе има и свое реално катче, што го нарековме „Бибиверзум“. Едукативниот центар ќе нуди неконвенционален и забавен начин за учење и стекнување знаења и вештини. 

Со помош на иновативна програма и наставници кои сакаат да применуваат нови методи во работата, ќе учиме за светот и за себе. Со иновативната образовна програма ќе бидат опфатени деца од 5 до 7 години, а ќе се работи во мали групи од 6 до 8 деца. 

Целта ни е да им овозможиме на децата да ги видат врските помеѓу одредени предмети во училиштето и феноменот на животот надвор од училиштето. Тоа треба да им помогне на децата да ги поврзат знаењата и вештините од различни дисциплини, да го структурираат нивното учење, да излезат со нови прашања, како и да создадат нови знаења преку заедничко работење.

Клучната цел на оваа програма е да се промовираат вредностите и да се препознаат вистинските потреби и културата во општеството, како и храброста да се поддржи и да се инвестира сериозно во образованието, особено во професијата наставник, која е заедничка точка на најдобрите системи.

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН