15 Мај, 2024
0.1865

Безбедни деца во сообраќајот- за безбедна и сигурна иднина

Објавено во: Мои пари 02 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Почетокот на учебната година носи радост, возбуда и среќа кај децата.  Детскиот темперамент и возбуда се чувствува во секој нивни чекор. Не е лесно да си дете, на првиот училишен ден.  Не е лесно да си дете и секој друг ден.  Сообраќајниот метеж, опасностите и заканите во сообраќајот, секојдневно ги демнат децата.  Ниту еден родител, наставник, возач, не смее да го потцени ризикот кој го носи сообраќајот по животот и здравјето на децата.

Сите деца  заслужуваат да добијат шанса да пораснат и да бидат она за што тие сонуваат. За да им се исполнат соништата сѐ што треба да им обезбедиме е среќно, безгрижно и безбедно детство. Затоа, обврска на секој родител, старател, наставник, обврска на општеството е да ги заштити  децата во сообраќајот.  Со почетокот на учебната година, наша заедничка обврска е да ги потсетиме и да ги научиме децата на најважните правила и прописи во сообраќајот, да ги научиме децата како се поминува улица или крстосница, како се поминува на семафор,  кој е најкраткиот и најбезбедниот пат од дома до училиште и обратно, итн.


Секоја учебната година, секој септември, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишта реализира кампања за подигање на свеста за поголема безбедност на децата во сообраќајот. Мотото на кампањата  е „ Безбедно дете - за безбедна и сигурна иднина“ #Вози одговорно. 

Целта на оваа сообраќајно-воспитна и едукативна кампања е што поголем број на деца/ученици да бидат едуцирани и информирани за основните правила и прописи во сообраќајот и за ризикот и опасностите на кои секојдневно се изложени во сообраќајот.  Покрај тоа, целта на оваа кампања е да се насочи вниманието на возачите и надлежните институции кон имплементација на мерки и активности за поголема безбедност на децата во сообраќајот.

Во таа насока, во рамките на кампањата ќе бидат реализирани голем број на сообраќајно едукативни настани за деца, предавања, обуки за прва помош, обуки за безбедно движење во околината на училиштето, ќе бидат изработени голем број на едукативни материјали за деца- боенки, сообраќајна лектира, училишен прибор со едукативна содржина, итн. а во соработка со Триглав Осигурување ќе бидат дистрибуирани флуоресцентни елеци за поголема видливост во сообраќајот на децата од основните училишта.

Ќе бидат реализирани и голем број на активности за подигање на свеста и одговорноста кај возачите и надлежните субјекти за издигнување на безбедноста на децата во сообраќајот  на ниво на врвен општествен приоритет.

По повод почетокот на учебната година и почетокот на кампањата, Претседателот на РСБСП Гордана Кожуваровска со апел до возачите и родителите:  „Децата се најголемото богатство, децата се нашата иднина. Безбедноста на децата во сообраќајот е заедничка одговорност на сите нас. Да ги зачуваме децата од повреди и загуби во сообраќајот. Бидете внимателни возачи, намалете ја брзината во близина на училиште или градинка. Бидете одговорни родители, научете ги децата како безбедно да се движат во сообраќајот. Безбедноста на децата во сообраќајот е одговорност и обврска на возрасните.  Грижете се за безбедноста на децата  во сообраќајот. Возете и  чувајте го секое дете во сообраќајот како ваше дете.“

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти