07 Мај, 2024
0.0225

Без годишна дозвола – нема собирање шумски плодови!

Објавено во: Агробизнис 09 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Без годишна дозвола нема собирање на шумски плодови, соопштија денеска од ЈП „Македонски шуми”, од каде посочуваат дека сите физички и правни лица, откупувачи, мора да бидат регистрирани и да имаат посебни дозволи.

Пријавувањето и регистрацијата се врши во 30 подружници на јавното претпријатие, каде како што посочија од Македонски шими, се добиваат и детални информации за целокупниот ситем на одржливо користење, контрола и законски обврски во оваа област.

Во тек е и изработка на информативен материјал за користење „други шумски производи“ кој ќе биде достапен за јавноста преку медиумите во градовите и помалите рурални места.

Во 2012 година беше основан новиот Сектор за користење други шумски производи и заштита на животната средина – екологија, со цел да одговори на обврските и барањата поставени во меѓународните регулативи, но и во домашните законски прописи кои се однесуваат на оваа област. Во април годинава Управниот одбор на претпријатието ги усвои сите потребни законски прописи, правилници од областа на користењето други шумски производи.