18 Мај, 2024
0.0274

БАРААТ ПОМОШ ОД ДРЖАВАТА ЗА ПЛАТИ - 21.524 фирми се јавиле за меркта 14.500 денари

Објавено во: Економија 08 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

За мерката поддршка од 14.500 денари на работодавачите за исплата на платите за април и мај, во УЈП, заклучно со крајниот рок, 7 мај годинава, аплицирале 21.542 компании, со што се опфатени 43 отсто од компаниите. Барањата ќе се обработат и потврдат во рок од 3 дена и ќе се достават до Генералниот секретаријат на Владата, од каде ќе се врши исплатата на парите за април.

Од вкупниот број поднесени барања, за угостителска дејност се 2.377, туристички агенции и туроператори се 253, транспорт 2.177, објекти за сместување 258 и за останатите дејности 16.625 барања.

„Сите работодавачи со комплетно барање, по обработка на МПИН образецот, ќе бидат информирани за вкупниот износ на финансиската поддршка што ќе им биде исплатена“, рече денеска на прес директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

За физичките лица кои вршат самостојна дејност, исто така можат да користат поддршка од 14.500 денари за април и мај. Оние кои немаат профил на платформата е-даноци, ова барање го поднесуваат преку системот на е-персонален данок. Досега од нив се поднесени 5.840 барања. Тие поднеле и 2.164 барања за финансиска поддршка за исплата на плата за своите вработени. 

Преку Уредбата за субвенционирање на придонесите, со која се овозможува за април, мај и јуни да се користат субвенции до 50 отсто од придонесите, за ова работодавачот поднесува барање и образец преку системот е-даноци, а комплетноста на барањето го потврдува УЈП во рок од 5 дена. 

За барања за ослободување од плаќање аконтации на данокот на личен доход се поднесени вкупно 816 барања, а од нив се прифатени 597.

За ослободување од аконтации од данок на добивка барање доставиле 1.019 даночни обврзници, а прифатени се барањата на 747 фирми. 

На новинарско прашање зошто од најпогодените сектори угостителство и туризам пристигнале мал број барања, директорката Лукаревска рече дека можеби некои од нив користат од другите мерки, а можно е некои од нив за оваа мерка да аплицираат и наредниот месец. „Сепак, станува збор за доброволна мерка и избор е на самите фирми дали ќе ги користат“, рече Лукаревска.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа