20 Мај, 2024
0.0270

Банкарите порачуваат: купи си стан под хипотека, најевтин е!

Објавено во: Финансии 29 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Нефункционалните кредити се зголемуваат. Според последните информaции од здружението на банкари, заклучно со септември неликвидните кредити изнесуваат 10,6%. Банкарите признаваат дека имаат проблеми со наплата на кредитите. Првиот човек на здружението на банкари, Ѓорѓи Јанчевски тврди дека расте бројот и на хипотеки. „Има голем број на хипотеки, проблем е што тие хипотеки тешко се продаваат. Можам да кажам дека во моментот единствено ликвидни се становите, деловниот простор, фабрики многу многу потешко се продаваат и се реализираат“, вели Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Здружението на банкари. Становите под хипотека генерално се поевтини од оние што се нудат на пазарот, но велат банкарите луѓето понекогаш се плашат да купуваат, оти сметаат дека ќе има проблем со старите сопственици. Според последните податоци од Народната банка на Македонија, вкупната задолженост на домаќинствата кон банките по основ на кредити изнесува 1,3 милијарди евра, додека во истиот период лани оваа бројка изнесуваше 1,2 милијарди евра. Еве што покaжуваат бројките од НБРМ, заклучно со септември 2012 година. Вкупни кредити на домаќинствата  1,3 милијарди евра. Потошувачки кредити
  • во денари                               514,7 милиони евра
  • во странска валута             13,6 милиони евра
  • Вкупно:                               527,9 милиони евра
Станбени кредити
  • во денари                                    262 милиони евра
  • во странска валута                  48,7 милиони евра
  • Вкупно:                                     310,7 милиони евра
Автомобилски кредити
  • во денари                                  31,2 милиони евра
  • во странска валута               3 милиони евра
  • Вкупно:                                 34,2 милиони евра
Кредитни картички
  • во денари                              196,8 милиони евра
  • во странска валута                 81 илјади евра
  • Вкупно:                              196,881 милиони евра
Други кредити
  • во денари                                         33,3 милиони евра
  • во странска валута                         11,1 милиони евра
  • Вкупно:                                         44,4 милиони евра
Од податоците на НБРМ, може да се заклучи дека сеуште е висока и бројката на сомнителни и спорни побарувања. Еве што покажуваат бројките заклучно со септември годинава. Сомнителни и спорни побарувања
  • во денари                                           87,5 милиони евра
  • во странска валута                         8,4 милиони евра
  • Вкупно:                                             95,9 милиони евра
Истовремено, анализата на банкарите покажува дека во стуктурата на нефункционални кредити поголемо учество имаат компаниите. За банкарите опаѓа финансиската  кондиција за отплата на кредитите од страна на фирмите. Токму задолженоста на компаниите по банките е една од причините и за намалениот број на поднесени барања за кредити. Првиот човек на банкарското здружение Јанчевски го потврдува ова, но сепак вели дека банките сеуште може да кредитираат, но се зависело од кредитниот проект. Јанчевски исто така соопшти и дека се намалува бројот на штедните влогови на компаниите. Заклучно со септември депозитите на фирмите се намалиле за 7% односно за 62 милиони евра, додека пак за 5% или 140 милиони евра се зголемени штедните влогови на на населението.   И.М

Можеби ќе ве интересира

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома