17 Мај, 2024
0.3091

АСО ослободи 30 милиони евра ликвиден капитал на осигурителниот пазар

Објавено во: Финансии 15 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ослободи 30 милиони евра ликвидни сретства, со цел друштвата за осигурување да можат да ги употребат за тековно работење во услови на вонредна состојба, кога се соочуваат со намалување на продажбата на осигурителни полиси. Со ослободување на 10 отсто од резервите, друштвата добиваат 1,8 милијарди денари ликвидни сретства, чија цел е да се зајакне поддршката на друштвата во сегментот на менаџирањето со негативните последици од појавата на корона вирусот (КОВИД-19).

Во исто време, АСО дозволи исправка на побарувањата за дополнителни 60 дена. Целта на измената е да се амортизира ударот врз финансискиот резултат на друштвата за осигурување како резултат на очекувана намалена наплата на побарувањата по основ на премија за осигурување.

Со цел заштита на правата и интересите на осигурениците и квалитетно обработување на штетите во услови на работа во вонредна состојба и флексибилно работно уредување на друштвата за осигурување, АСО утврди дополнителен рок за обработка на штетите и тоа најдоцна во рок од 5 работни дена од денот на прием на барањето за надомест на штета. По решавање на штетата, друштвото е должно писмено да го извести подносителот на отштетното побарување за решената штета, при тоа наведувајќи: износ на надомест на штетата, можноста и рокот за доставување претставка и рокот за исплата на штетата кој не смее да биде подолг од 14 дена од денот на ликвидација на штетата.

Со цел обезбедување на стабилност на секторот на осигурување, но и заштита на осигурениците АСО донесе одлука, и покрај забавена ликвидација и  пријава на штети во настанатата вонредна состојба, истата да не влијае врз проценките на техничките резерви.

Од Агенцијата наведуваат дека пандемијата и вонредната состојба во државата, како и во цел свет, значително се одразува врз секојдневието на луѓето, но и врз секојдневното работење на секторот за финансиски услуги и на реалната економија. И покрај тоа што, во моментов, интензитетот на последиците кој ќе го има епидемијата врз домашната економија не може со сигурност да се предвиди и процени, извесно е дека сите сегменти на секторот на финансиски услуги одреден период ќе биде соочени со потешкотии и притисоци во своето работење. 

„Агенцијата за супервизија на осигурување има цел да обезбеди олеснување и континуитет во работењето на осигурителниот сектор, истовремено штитејќи ги интересите и правата на осигурениците, јавниот интерес, како и обезбедувајќи ја стабилноста на осигурителниот сектор. Агенцијата за супервизија на осигурување е во постојана интензивна комуникација со сите субјекти во осигурителниот сектор и постојано ја следи и проценува солвентноста и ликвидноста на секој поединечен субјект. Во тој контекст би сакале да ја информираме јавноста дека Советот на експерти на Агенцијата на својата последна седница донесе нов пакет на мерки со цел да се обезбеди континуитетот на работењето на осигурителниот сектор“, ги објаснуваат мерките од Агенцијата.

Имајќи ја во предвид вонредната состојба во државата, како и потребата финансиските регулатори во овие моменти да покажат флексибилност и прилагодливост на супервизорските правила и стандарди, Агенцијата донела една одлука и измена на три правилници.

Со донесените измени им се дава дополнителен регулаторен простор во работењето на друштвата за осигурување, што неминовно ќе има позитивен ефект и врз крајниот корисник на осигурувањето во сегменот на динамика на плаќање на обврските по премии, но и во сегментот на навремена и реална исплата на штети.

Поконкретно, измените се однесуваат на поголема флексибилност на друштвата за осигурување во нивното работење, а со тоа се овозможува намалување на тековниот товар на граѓаните и компаниите во справувањето со негативните притисоци од пандемијата. 

Можеби ќе ве интересира

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот