03 Мај, 2024
0.0254

„Apple“ ја објави бета верзијата на „iOS 9“

Објавено во: Стил 10 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

„Apple“ ја објави официјално бета верзијата на својот нов оперативен систем за „iPhone“ и „iPad“ - „iOS 9“, пишува „Wall Street Journal“.

Како и секој кој извадил бета софтвер знае дека поранешните верзии обично се полни со грешки. Поради оваа причина самата компанија „Apple“ пушта голем број предупредувања до корисниците пред тие да се согласат да инсталираат „iOS 9“.

„Откако ќе ја симнете прелиминарната верзија на софтверот на „Apple“, може да немате можност да ја вратите на претходната верзија на софтверот, која сте ја користеле пред бета верзијата“, гласи пораката на компанијата.

Освен тоа „Apple“ вели дека нема да наплаќа за штетите кои произлегуваат од користењето на бета верзијата.