28 Април, 2024
0.0255

Антониа Гиговска искрено за раскинувањето со Иван: Од него научив да сакам

Објавено во: Стил 19 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со нејзиниот колега Иван Јованов, вели дека изминатиов период поминала низ убави и лоши моменти, но сè уште искрено верува во љубовта. 

За Женски магазин, Антониа раскажа за крајот на љубовта со Иван, но и за тоа што научила од него. Гиговска, која е еден од нашите најдобри женски вокали, вели дека со пејачот на „Либеро бенд“ е во одлични односи. 

-Иван е човек кој што ме научил на многу работи, човек кој што многу ми помогнал и човек со кој сум пораснала и сум научила да сакам. Одлучивме да ставиме крај и не би сакала да зборувам повеќе за тоа затоа што не чувствувам потреба после сè и сешто што напишаа (секакви клевети и невистини) да зборувам јавно и да им овозможам насмевки на лицата. Затоа што само јас и Иван сме во тоа, никој друг. Ние сме во најдобри односи и мислам дека тука треба да се стави крај на приказната, му посакувам сè најубаво во животот“, ни изјави Антониа. 

Изминатава година, таа вели дека ќе ја памети по убавите нешта и случувања, и не би сакала да надвладеат лошите, затоа што се забораваат со тек на време.

-Многу настапи, многу насмевки, многу солзи, многу убави и пријатни луѓе и многу музика. Она што ме исполнува мене лично и за она што живеам и дишам“, вели Гиговска. Целото интервју прочитајте го на Женски магазин.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти