03 Мај, 2024
0.0253

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Објавено во: Економија 23 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Бизнисот не бил консултиран за владината одлука - приватните компании да не работат утре и на 8 мај, за време на претседателските и парламентарните избори. 

Според Сојузот на стопански комори (ССК), тоа што среда е неработен ден, негативно се одразува и врз останатите четири дена во неделата.

- Со нас, конкретно, за оваа одлука никој нема разговарано. Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела, и понеделникот и вторникот се релативно неефикасни, како и четвртокот и петокот. Навистина, многу непријатна ситуација. Ова не е наша одлука, политичарите ги носат тие одлуки за изборните датуми кои им се потребни за да добијат излезност - рече денеска претседателот на ССК, Трајан Ангелоски, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на тркалезната маса „Одржлива иднина со зелени иновации, практична примена во компаниите“.

На 9 април годинава Владата донесе Одлука, 24 април и 8 мај да бидат неработни денови поради претседателските и парламентарните избори. Притоа, им препорача и на работодавачите од приватниот сектор во земјава да ја спроведат ваквата Одлука за секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас.

И денеска, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) потсети дека деновите на одржување на претседателските избори, 24 април 2024 година (среда) и на парламентарните избори, 8 мај 2024 година (среда) се неработни за сите граѓани на Северна Македонија, со напомена дека работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност, со исклучок на оние каде работните процеси поради својата природа не може да се прекинат. 

Фото: МИА

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски