АКАДЕМИК ТАКИ ФИТИ ЗА ФАКТОР 24: Одговорност на претседателот Иванов е да го додели мандатот за формирање на политичка влада
Објавено во: Македонија 06 Април, 2017 09:20
Во оваа ситуација во која сме треба што поскоро да се формира политичка Влада и претседателот Ѓорѓе Иванов да го довери мандатот, порача во интервју за Фактор 24 претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити.
„Кризата е многу сериозна, таа може да го загрози опстанокот на државата. Се работи за длабока политичка и општествена криза. Граѓаните сè повеќе се поделени и се враќа стравот кај луѓето. За МАНУ два приоритети се важни - мирна разврска, дијалог во институциите и што побрзо формирање на политичка Влада“- оцени акад. Фити.
Според првиот човек на МАНУ, одговорноста за решавање на кризата лежи кај политичките партии и нивните раководства и шефот на државата, а дијалогот мора да се води во институциите“.
Претседателот на МАНУ, Таки Фити го реафирмира ставот на Академиците: „Разнебитувањето на институциите може да го доведе во прашање опстанокот на Македонија“, предупреди првиот човек на Академијата.
Прашан дали албанската Платформа е прифатлива за МАНУ , акад. Фити со одговор :
„МАНУ не гледа загрозеност на македонскиот јазик во т.н. албанска Платформа, МАНУ нема да прифати решенија што се надвор од Уставот..“ .
Во разговорот за Фактор 24 , првиот човек на МАНУ одговара и на прашањата поврзани со Манифестотот на ВМРО ДПМНЕ, за опасноста од растечкиот национализам, перманентното и забрзано задолжување на државата, за последиците од политичката криза врз економијата, но и за ставот на академик Митко Маџунков кој албанската платформа ја оцени како националистички и иредентистички акт.
Магазинот Фактор 24 кој е проект на веб порталот Фактор од оваа среда со нов тремин 19:15 часот на ТВ 24.
Можеби ќе ве интересира
АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?
ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила
ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст
Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел
Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија
БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините
Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон




