06 Мај, 2024
0.0296

АД „Тајмиште“ ја загуби концесијата на рудникот за железо

Објавено во: Економија 06 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Владата вчера донела одлука за едностран раскин на договорот за концесија кој го има АД Тајмиште за експлоатација на железна од руда од истоимениот локалитет во Кичево, објавено е денеска во Службен весник.

Во јануари 2014 се додели концесија за експлоатација на руди од железо од рудникот Тајмиште додека за локалитетот се сметаше дека се уште има големи резерви на железо.

Акционерското друштво „Тајмиште“ од Кичево со концесијата требаше во наредните 30 години да стопанисува со рудникот, откако компанијата официјално го потпиша договорот за концесионерство.

За сега нема информации дали Владата повторно, преку јавен повик, ќе бара инвеститор кој со доволно добра понуда и бизнис план  ќе гарантира рестартирање на рудникот, со што ќе стане и негов газда за најмалку 30 години. Се проценува дека овој рудник крие висококвалитетна железна руда доволна за Тајмиште да работи во следните 150 години. 

Актуелниот договор еднострано се раскинува поради неплаќање на концесискиот надоместок. Во изминатиот период рудникот често не работеше а малцинските акционери беа во судир со мнозинскиот.

Пред 2014 постоеја гласини дека заинтересирани странски инвеститори од Канада, Норвешка, Турција и Италија се заинтересирани за концесијата, но до таков договор не дојде.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години