17 Мај, 2024
0.0280

3 милјарди евра кредит за југоисточна Европа

Објавено во: Свет, Финансии 15 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Европската банка за обнова и развој ќе одобри три милијарди евра кредити за земјите од југоисточна Европа кои беа најпогодени од кризата во еврозоната, потврдил неименуван извор од банката во Токио. Кредитот треба да биде доделен следните две години. Како што за Ројтерс изјави претседателот на ЕБРД, Сума Чакрабарти, тој имал намера да ги наговори и другите меѓународни финансиски институции да дадат свој финансиски придонес за југоисточна Европа, а разговорите се планирани за оваа седмица.
ЕБРД ќе се концентрира на поддршка на банкарскиот и на приватниот сектор во земјите од регионот и ќе настојува да го поттикне вработувањето низ големи инфраструктурни проекти, како што се градењето железнички пруги патишата, велат од банката во Токио.
Светска банка исто така најави дека е заинтересирана за тој план и би можела да учествува во неговото финансирање со најмногу пет милијарди евра, вели друг добро упатен извор.
Треба притоа да се додаде дека секое евро коешто ќе го вложи ЕБРД, најчесто, во просек привлекува дополнителни 2,6 евра приватни инвестиции, со што проценетиот првичен износ би стигнал до 15 милијарди евра.
Осврнувајќи се на ситуацијата во новите членки на Европската унија, ЕБРД во јули годинава прогнозираше пад на хрватската, словенечката и унгарската економија во 2012 година, а предупреди дека земјите од југоисточна Европа, како Бугарија и Романија, се особено ранливи на кризата во еврозоната.
„Постојано слушаме за Грција, Италија и Шпанија, а речиси никој не зборува за другите земји во соседството на Грција, коишто, исто така, чувствуваат негативни последици од ефектот на прелевање на кризата", вели Чакрабарти.
Балканките економии, истовремено, во голема мера зависат од вложувањата на Грција, Италија и другите земји од еврозоната. Затоа, појаснува претседателот на ЕБРД, досега настојувањата биле насочени кон намалувањето на дефицитите, но ја уважуваме и потребата од структурни реформи во земјите од регионот, за да може да уживаат во плодовите од растот кога економиите ќе заздрават.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра