18 Мај, 2024
0.0439

Здружение на информатичко-комуникациски технологии: Ги почитуваме сите законски прописи и авторските права на програмите

Објавено во: Економија 08 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Во врска со изјавите  поврзани со авторските права, кои беа изнесени во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат во вечерниот термин на 7.5.2020 година, цитираме: „дел од странските ТВ канали се без телевизиски права за реемитување во Македонија, додека националните телевизии ги плаќаат сите давачки“, заради вистинито информирање на јавноста, како Здружение на информатичко-комуникациски технологии, во коешто членуваат домашни компании со странски капитал и носечките оператори во земјава, сакаме да нагласиме дека остро се спротивставуваме на овие тврдења. При тоа,  нагласуваме дека членките на Здружението на ИКТ во целост ги почитуваат сите законски прописи и авторските права на програмите кои ги реемитуваат согласно домашната и меѓународната регулатива.

„Повикуваме, по завршувањето на вонредната состојба, преку конструктивен дијалог да се решат сите отворени прашања во интерес пред сѐ на граѓаните, а потоа и на сите засегнати страни во овој случај. Како потсетување, Здружението на ИКТ покажа разбирање и одговорно однесување на почетокот на пандемијата и го стави во мирување едногласно донесениот заклучок за прекинување на реемитувањето на програмите, освен јавниот сервис. Овој заклучок беше  реакција на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги, донесени во крајно нетранспарентна постапка, без никаква јавна расправа и тоа на денот кога беше распуштен Парламентот. Законот е спротивен на директивите на ЕУ и на основните принципи на радиодифузната дејност и медиумската политика утврдени од страна на ЕУ, за што Здружението има добиено и писмено мислење од страна на Делегацијата на ЕУ во земјава. Истовремено, укажавме и дека измените на ЗААВМУ, што сега се на сила, се целосно неприменливи, бидејќи на операторите кои реемитуваат програмски содржини им наметнува да гарантираат за авторските права на програми што не ги произведуваат, а за тоа да сносат кривична одговорност. Ваквата ситуација создава дополнителна конфузија во целата област бидејќи воведува одговорност на операторите за туѓи дејствија, што е целосно правно неиздржано. Здружението на информатичко-комуникациски технологии подолг период укажуваше на штетноста од ваквите измени и ги искористи сите механизми пред сите релевантни домашни и странски институции, со што уште еднаш ја покажа својата кооперативност, грижа во насока на интересите на граѓаните и на државата“, стои во реакцијата.

Здружението на информатичко-комуникациски технологии и понатаму останува отворено за соработка со сите инволвирани и повикани страни, но истовремено апелираме оваа тема да не се злоупотребува за дневно политички цели, бидејќи тоа само ја комплицира состојбата што оди само на штета на граѓаните. 

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа