19 Април, 2024
0.0274

Зошто ВМРО-ДПМНЕ падна во замка со „заробеното“ судство во интерпелацијата?

Објавено во: Анализа 10 Април, 2018

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ со поднесената интерпелација на владата на Заев не дава премногу знаци дека има јасна и добро утврдена опозициска реторика со која може да ја напаѓа новата власт и да врши постојан притисок врз неа со цел да го промени јавното мислење пред некои наредни избори.

Во поднесената интерпелација за изгласување недоверба на владата доминираат фрази кои можеби и се познати на критичката јавност во Македонија, но истите премногу наликуваат на реториките кои претходно ги користеше СДСМ и врз истите ја градеше својата опозициска стратегија, па дури дел од нив станаа и нивен симбол во борбата со власта на Никола Груевски.

Меѓу нив би ги споменале фразите „заробено судство“ и „партизирана админстрација“. Да потсетиме дека СДСМ со години го градеше јавното мислење дека судството е под директна контрола на Груевски и неговите најблиски соработници, а потоа објави и повеќе „бомби“ за „Сваровски“ судството, за нарачка на именување на судии од „тефтерчето“, силни притисоци од видни партиски и владини функционери за носење на соодветни судски одлуки, како и на најразлични видови на мешање во работата на правосудните органи.

Сега, ВМРО-ДПМНЕ нема доволно „материјал“ за да образложи зошто токму сега судството е „зарабено“, освен што СДСМ како партија која ја има власта 10 месеци не успеа да спроведе побрзи реформи во правосудните институции, додека пак за притисоци и други форми на прекршувања нема ниту збор во јавната сфера.

Меѓу главните аргументи кои се наведени во предлог интерпелацијата ВМРО-ДПМНЕ наведува дека власта не ги спровела ветените правосудни реформи, дека тој неуспех го прикрива со притисоци и закани и како главен пример го наведува приведувањето, притворањето и обвинението на лицата осомничени за крвавите настани од 27 април 2017 година кога имаше упад во Собранието и напад на пратеници, новинари и полицајци. 

Понатаму ВМРО-ДПМНЕ на некој начин признава и дека лошата состојба во судството е нивна вина, односно дека со владеењето на Груевски се уништија многу принципи на поделба на извршната и судската власт, па сите сегашни последици не се доволно брзо надминати од власта на Заев, што и не најпаметна тактика за собраниски мегдан каде пратениците на власта многу лесно би ги одбраниле сите напади од опозициските пратеници па дури би успеале и без никакви проблеми да наметнат контра удари, доволно е само да цитираат неколку извадоци од бомбите за „Сваровски“ судството. 

Исто така власта ќе има и доволно аргументи за „одбрана“ на судската постапка за Крвавиот четврток бидејќи не може преку политички или партиски притисок да се врши правна одбрана на лица осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во еден од најстрашните денови за македонската демократија и внатрешен мир во изминатите десетина години што беше и врв на политичката криза. 

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!