Зошто стагнира германската економија?
Објавено во: Економија 16 Февруари, 2020
Во Германија економскиот раст стагнираше во четвртиот квартал, а извозот е во пад. Ова го покажа германската агенција за статистика.
Еден од факторите на стагнација на економскиот раст на Германија е забавувањето на глобалната трговија и неизвесноста предизвикана од американско -кинескиот трговскиот спор. Но, се случува и промена во индустријата. Ова се однесува на производството на автомобили, каде компаниите мора да инвестираат повеќе од милијарди евра во развој на електрични возила и нови услуги засновани на апликации за мобилни телефони за да ги исполнат регулативите за емисии на штетни гасови.