24 Април, 2024
0.0277

Зошто Русија влегува во офанзива против Твитер и Фејсбук?

Објавено во: Свет 22 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Русија почнува постапки против Фејсбук и Твитер.

Руското тело за надзор на комуникациите Роскомнадзор соопшти дека ќе отвори постапки против Твитер и Фејсбук. Причината е затоа што не објасниле како планираат да се прилагодат на законите за податоци, јави новинската агенција Интерфакс.

Роскомнадзор тврди дека Твитер и Фејсбук не објасниле како и кога ќе се усогласат со законот кој бара сите сервери за собирање лични податоци на Русите да бидат лоцирани во Русија.

Шефот на Роскомнадзор Александер Жаров изјави дека компаниите имаат еден месец за доставување на информациите или во спротивно ќе се води постапка против нив.

Русија воведе поостри санкции за интернет во последните пет години и според нив пребарувачите мора да избришат дел од резултатите на пребарувањата, сервисот на пораки да им овозможи пристап на безбедносните служби до енкриптирани пораки, а социјалните мрежи да ги чуваат лични податоци на руските корисници на сервери во земјата.

Единствените средства кои засега Русија ги има за спроведување на своите прописи се казните кои изнесуваат до неколку илјади долари или блокирање на онлајн услугите на оние што ќе ги прекршат, што е опција оптоварена со технички тешкотии.

Можеби ќе ве интересира

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството