20 Април, 2024
0.0268

Зошто Македонците доцна заминуваат од домот на родителите?

Објавено во: Економија 14 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Општеството, системот на вредности, традицијата, менталната матрица на една индивидуа се фактори кои влијаат на тоа децата доцна да заминуваат од домот на родителите.

Евростат објави дека младите во Македонија и регионот многу доцна заминуваат од родителскиот дом. На овој чекор Македонците се решаваат на 31.8 години.

Социологот Марија Дракулевска Чукалевска објаснува дека сѐ зависи од можностите кои општеството ги нуди, амбициите, приоритетите на една индивидуа, слободните работни места.

„Системот на вредности се пренесува од генерација на генерација. Сѐ зависи дали ние децата од мали нозе ги учиме да стекнат целосна независност, финансиска независност, да имаат свое домување, да оформат семејство. Да се има финансиска независност од колективитетот. Но, ние во овој дел од светот сме позатворени. Од случај на случај има разлика, и доколку ги прашате, сигурно луѓето имаат различни причини зошто живеат самостојно или со своите родители. Тука е важна да се спомене и традицијата, затоа што традиционалните вредности силно влијаат“, рече Дракулевска Чукалевска.

Тотална спротивност на Македонците кои доцна се осамостојуваат се Швеѓаните, кои од домот на родителите заминуваат на 18 години.

Данците до 21.1, а Финците до 21.8 години живеат заедно со родителите. Естонците од 22.2 години живеат сами, а Французите од 23.6 години. Германците и Холанѓаните живеат самостојно од 23.7 години.

„Самата средина ги тера да се осамостојат од родителите и да заработуваат сами, што е подобро и за нив самите и за луѓето околу нив. Јас доколку отидам, иако моите се таму, сепак ќе морам да живеам сама затоа што сум возрасна и средината тоа го бара од мене“, објаснува Тереза Николовска, девојка која престојувала во Германија.

Во Црна Гора младите со 33,1, во Србија со 31,1 и во Турција со 27,5 години заминуваат од домот на родителите.

Бугарите живеат со родителите до 30-та година, Грците до 28.9 години, Португалците до 29, Шпанците до 29.5 години, а Италијанците до 30.1 година.

Со години статистиката за Балканот е слична. Во овој дел од Европа, младите потешко можат да си дозволат самостоен живот.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ