28 Март, 2024
0.0332

Зошто и чии духови се вознемирија од „Македонски концепт“

Објавено во: Македонија 09 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Националната платформа за иновативни идеи „Македонски концепт“, промовирана неодамна како идеја да ги обедини сите граѓани, политички организации, невладини организации и политички партии околу заеднички вредности и принципи, а кои би базирале на длабоки реформи во општеството, комплетна промена и реставрација на системот и на државата, веќе предизвика бранувања во јавноста. Таа беше изложена на напади, но нејзините членови веќе возвратија на тие реакции. Се поставува прашање дали ва беше предизвикано и од најавата за можно учество на изборите. 

„Доколку овој денешен наш апел наиде на слух кај организациите, кај политичките партии и кај граѓаните пред сѐ и доколку граѓаните го поткрепат овој концепт и ова видување мислиме дека има добра шанса, без разлика на измените или на изборниот модел, ние да понудиме поинакви, поиновативни и поквалитетни решенија од оние кои денес ги нудат актуелните неколку програми“, рече на промоцијата Петар Богојески.

Според него, Македонски концепт не е политичка партија, туку платформа или политичка програма, која се промовира во рамки на регистрираната Унија на европски федералисти на Македонија, која пред една недела стана официјален дел на Унијата на европски федералисти во Европа, додавајќи дека таа е политичка организација која дава силна поддршка на процесот на продлабочување, но истовремено и проширување на Европската Унија. 

Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник Иван Стоилковиќ, реагираше многу брзо на фејсбук, со прашањето "МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ", за што станува збор?

Според него, во последно време мошне често во јавноста слушаме за некаков “македонски концепт” и ништо не би било чудно да постои таков концепт заснован на реалните потреби на народот и државата, но бидејки секојдневно без усул и човечност се манипулирало во јавниот и политички живот, време било да се разоткријат носителите на тој концепт и нивните намери. 
„Бидејки навистина за каков македонски концепт станува збор кога државата, а посебно тие што зборуваат за некаков тнр. нов “македонски концепт” на мошне транспарентен и во исто време не уставен и евидентно криминален начин се откажаа без трунка чест и совест и од унитарноста како уставно правна поставеност на државата, името на сопствениот народ и државата, се откажаа и од сопствената историја која од неразбирливи причини ја предадоа на туѓинско толкување, без свест дека не постои народ со било каква перспектива ако истиот нема сопствено историско сеќавање. Затоа сосема оправдано се наметнува прашањето за кој и каков “македонски концепт” станува збор и како може да промовираат македонски концепт истите тие што се откажаа од македонизмот како природно врзивно ткиво на државата и народот и кога македонизмот после сите нивни дејанија ја изгуби и својата суштина и содржина“, напиша Стоиљковиќ.

Тој праша и како може да се верува во „тнр. македонски концепт на заговорниците на Тиранската платформа со која падна унитарниот карактер на државата или како да веруваме на рестловите на врховистичките политички кругови кои сосема сигурно ги распознавате како реформатори кои се откажаа од македонската историја, и истата ја предадоа на толкување на соседна држава, а во исто време не се откажуваат од обидите и понатаму да манипулираат и да го слудуваат сопствениот народ зборувајки за “македонски концепт”. 

„Сосема јасно се гледа дека недостасува и добро е што е така, македонски концепт од српска гледна точка, иако во јавност секако мошне често ќе чуете секакви бљувотини, па дури и од највисоките државни званичници дека ете Србија и Србите се виновни за нивната евидентна неспособност и затскриената лоша намера. Овдека вреди да се спомене дека ние, припадниците на делот од српскиот народ кој живее во Македонија ниту сме биле, нити пак некогаш ќе бидеме дел од некаков мултиетнички народ!“, напиша Стоиљковиќ. 

На ова возврати Никола Митровиќ - Бабе, во име на „Македонски концепт“.
Господинот Стоилковиќ, по предходна нарачка, се изнамачил да покаже колку малку разбрал за суштината на Македонски Концепт. Напишал толку долг текст, а толку празен?!? Стравот му се чита во секоја реченица. Знае дека им се растура сонот за доминација во Македонија. Од каде му е дрскоста на Стоилковиќ, да зборува од името на сите Срби во Македонија. Кој му го дал тоа право?!? Во Македонски Концепт има огромен број на Срби. Нашата платформа е така концепирана, да во секој момент може да ја раководи секој човек, без разлика дали е Србин, Албанец или Македонец. Но тоа е вода длабока за измеќари на минатото. Тоа никогаш нема да го разберат бандитите од политичката сцена во земјава“, пишува Митровиќ.
Според него, „Македонски концепт“ е граѓанска, а не партиска платформа. 
„Стоиљковиќ толку се аздисал што зборува за македонизам од српска гледна точка, исклучувајќи ги и Македонците, како најброен етнос. Неговото гледиште сака да го наметне врз сите останати. Тоа дека Србите не треба да бидат дел од мултиетничка Македонија е скандалозно тврдење од Шешељеви размери. Сите Албанци ги претставува како закана за унитарноста. Меѓународниот контекст кој го споменува е во правец на заземање на српската страна од Македонија и нејзино претворање во монета за поткусурување на Белград. Чист врховизам. Во ова писание тој покажува и дека воопшто не знае што е нација. Па ако не сака да биде дел од македонската политичка нација, која е мултикултурна, нека го врати македонското државјанство. А кој му забранува да се чувствува како Србин по етнос? Тоа е негово приватно право кое некој и да сака нема да може да му го оспори. Иднината на Србите во Македонија е во нови лидери. Во активисти кои ќе ги препознаат можностите на Македонски Концепт“, напиша Митровиќ.

 

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија