19 Април, 2024
0.0300

Зошто ДУИ ги остави сами СДСМ во битката за поништување на лустрацијата

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Политички маркетинг или издржано барање. Што сака да постигне владејачката ДУИ, со тоа што реши да не даде поддршка на предлог законот за поништување на лустрацијата во Собранието? Дотолку повеќе што овој предлог пристигна во законодавниот дом како владино решение, а во власта токму ДУИ е еден од партнерите, заедно со СДСМ. 

Пратениците на ДУИ вчера во Собранието дадоа и образложение зошто засега не даваат поддршка за укинување на процесот на лустрација. Тие поставуваат услов прво да се реши статусот, односно да се рехабилитираат „политичките затвореници“, а за тоа претходно ќе биде потребна и поширока јавна расправа. Од ДУИ сметаат дека дури потоа треба да се зборува за потребата од евентуалното укинување на лустрацијата.

„ДУИ е за лустрација, бидејќи го гласавме тој закон, но сакаме за ова да има поширока дебата. Сакаме да се отвори и прашањето за поранешните политички затвореиници и паралелно да се реши прашањето за политичките затвореници од комунистичкиот систем“, рече Раџали Исмаили, пратеник од ДУИ. Завчера, пак, пратеници од оваа партија не присуствуваа на седницата на собраниската комисија за политички систем, на која требаше да се расправа за предлог законот. 

На овој начин, ДУИ практично го оставија поголемиот брат во Владата, СДСМ, сам во битката за укинување на лустрацијата. 

Претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски, вели дека нема да ја закаже седницата, се додека не се постигне политички договор на повисоко партиско ниво за овој проблем.

Можеби ќе ве интересира

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден