Зоран Заев им одговори на оние кои го критикуваат за возењето мотор
Објавено во: Македонија 12 Април, 2021
Maкедонскиот премиер Зоран Заев вели дека со возење на мотор ги полни батериите. Рече дека недела е ден за одмор, а тоа е негово хоби.
Објасни дека со возењето мотори не е прекршен ниту еден закон.
„Секој човек заслужува да се одмори. Целосно ги почитувам сите мерки, а иако имам дозвола за движење за време на полициски час, јас тоа право не го користам. Викендов направивме една убава турнеја со моторите. И не се кријам“, изјави Заев.
Претходно, од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија министерот за здравство, Венко Филипче дека станал министер за мото трки, додека болниците се полнат со заразени од коронавирусот. Во ист контекст беше споменат и Заев.