20 Април, 2024
0.0276

Атлантик Групa со значителен раст на приходите и профитабилност во првата половина на 2021

Објавено во: Мои пари 29 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Атлантик Групa во првата половина на 2021 година забележа приход од продажба во износ од 359,7 милиони евра, што во однос на истиот период минатата година претставува раст од 9,7 проценти. Добивката пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) изнесува51,6 милиони евра, што без еднократните ставки е 6,7 проценти повеќе отколку во првото полугодие минатата година. Компанијата оствари нето добивка од 29милиони евра, што претставува раст од 18 проценти кога ќе се исклучат еднократните ставки.

„Атлантик Групa во првата половина на 2021 година забележа раст во сите деловни и дистрибуциски области, што во однос на истиот период минатата година е последица и на подобрата епидемиолошка ситуација на сите пазари и попуштање на мерките за сузбивање на пандемијата. Посебно се гордееме поради фактот дека и покрај сите предизвици, остваривме органски раст од продажба од речиси 9 проценти во однос на првата половина на 2019 – година во која имавме историски највисоки приходи. Исто така, забележавме нова највисока цена на акциите и исплативме историски највисока дивиденда. Свесни сме дека наредниот период ќе биде епидемиолошки предизвикувачки, при што нашите приоритети остануваат исти: здравјето и безбедноста на нашите вработени, обезбедување на непречено продолжување на производството и континуирано снабдување на нашите клиенти и потрошувачи и општествена одговорност во најширока смисла“, изјави претседателот на управниот одбор Емил Тедески.

Пијалоци, Donat и кафе предводнициво раст на продажбата

Најдобри резултати меѓу бизнис областите постигнаа стратешките бизнис области Пијалоци, чиј водечки бренд е Cedevita, со раст од 16,1 процент, Donat со раст од 15,8 проценти и Кафе, поединечно најголема категорија со учество од 20,5 проценти во вкупниот приход заедно со носечките брендови Barcaffeи Grandkafa, која порасна за 10,3 проценти. Меѓу дистрибутивните области, Хрватска води со раст од 10,6 проценти и Србија со раст од 9,7 проценти. Исто така, треба да се напомене дека двата нови бренда - чоколадото Jimmy Fantastic и палетата производи базирани на овесBoom Box, беа успешно лансирани во март и април на пазарите во Хрватска и Словенија, со одлични почетни продажни резултати и со голема перспектива на пазарот.

Нова фабрика и нова соработка

Атлантик Група, со оглед на одличниот развој на работење и плановите за раст во категоријата деликатесни намази, во март започна да инвестира во изградба на фабрика за нови производи под брендот Argetaи тоа во општина Кнегинец во околината на Вараждин. Инвестицијата со вкупна вредност од повеќе од 50 милиони евра, ќе се одвива во неколку фази, а новиот производствен погон е предвидено да биде пуштен во употреба во рок од 15 месеци по добивањето на одобрението за градба. Со реализација на сите фази на проектот, се планира да се отворат до 150 нови работни места. Во јули, Атлантик Групa и Barry Callebaut, водечки светски производител на високо квалитетни производи од чоколадо и какао, потпишаа договор за соработка што ќе го подобри производството на етаблираното портфолио на Атлантик во асортиманот чоколади. Atlantic Štark е првиот регионален стратешки партнер на компанијата Barry Callebautи нејзината фабрика во Нови Сад, и ова партнерство го потврдува фокусот на Атлантик кон понатамошен развој на главните брендови во клучните категории

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга