29 Март, 2024
0.0283

Животот е суров и радосен: Дарио со искрена приказна

Објавено во: Стил 07 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Со својата нова песна „Еј животе“, Дарио сака да испрати универзална порака до сите луѓе, во времето на изолацијата поради опасноста од ширењето на коронавирусот. Песната е напишана и промовирана наменски во овој период.

„Во ова незапаметено време на изолација и карантин, се надевам дека луѓево ќе бидат доволно свесни и паметни да стават прст на глава, да ја ислушаат мојава песна неколку пати, и да го ценат и живеат својот живот на многу поинаков и поквалитетен начин отколку досега“, ни изјави канатворот.