16 Јули, 2020
0.0245

Живко Мукаетов и други членови на Управниот одбор купија акции од „Алкалоид“

Објавено во: Финансии 12 Март, 2020

Првиот човек на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, заедно со уште неколку други членови на Управниот одбор на компанијата, купиле по 250 обични акции кои се издадени од ова акционерско друштво.

„Известуваме дека Живко Мукаетов, Претседател на Управен Одбор и Генерален директор на Алкалоид АД Скопје, се стекна со 250 обични акции издадени од Алкалоид АД Скопје“, пишува во ценовно чувствителната информација што беше објавена преку берзата.

Истите известувања се дадени и за Милкица Глигорова и Ѓорѓи Јованов кои се стекнале со по 250 обични акции од компанијата, како и Ќире Ицев, исто така член на Управен одбор, кој се стекнал со 500 обични акции издадени од „Алкалоид“ АД Скопје.

Исто така, компанијата извршила откуп на сопствени акции. 
„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следното:

Алкалоид АД Скопје согласно Одлука за стекнување сопствени акции со откуп, донесена на седница на собрание на акционери, одржана на ден 08.04.2019 година, изврши откуп на 800 сопствени обични акции по цена од 13.100,00 денари за една акција преку Македонска Берза на ден 06.03.2020 година. По извршениот откуп, друштвото поседува вкупно 22.557 сопствени акции, што претставува 1,58 отсто од вкупниот број на издадени акции од Алкалоид АД Скопје“, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈАТА ЈА НАРЕКУВАА „БЛЕСКАВА ЅВЕЗДА“: Сега е во најдлабока рецесија откако стекна независност од Малезија

ЗЕМЈАТА ЈА НАРЕКУВАА „БЛЕСКАВА ЅВЕЗДА“: Сега е во најдлабока рецесија откако стекна независност од Малезија

Поради пандемијата доларот трета седмица по ред паѓа

Поради пандемијата доларот трета седмица по ред паѓа

Колку пари има во гробарскиот бизнис?

Колку пари има во гробарскиот бизнис?

За пет месеци ни легнале над 102 милиони евра од брз трансфер на пари

За пет месеци ни легнале над 102 милиони евра од брз трансфер на пари

Народната банка е добитник на наградата на „Комерцбанк“

Народната банка е добитник на наградата на „Комерцбанк“