20 Април, 2024
0.0276

Жито пром - Гевгелија ги претстави новите колачи 4U на Саемот „Ануга“ во Келн

Објавено во: Мои пари 15 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Од 9-13 октомври, Жито пром - Гевгелија учествуваше на најголемиот саем за храна и пијалоци Ануга во Келн, Германија. Промоцијата таму значеше и вклучување во мисијата на Ануга за претставување креативни концепти и иновативни производи. Годинашното мото на саемот беше Вкуси ја иднината, што кореспондира и со новата линија колачи на Жито пром.

-Ануга како еден од најголемите светски водечки саеми се организира повеќе од 100 години. Фокусот на саемот се нови, иновативни производи и трендови. Како дел од тоа имавме шанса покрај постоечките производи - кроасаните, да ја презентираме и новата линија на колачи којашто како проект е поддржана од Фондот за иновации. Проширената палета брои 10 нови производи во две категории - традиционални колачи со вистински путер и функционални колачи збогатени со состојки корисни за здравјето. Со ова, го следиме трендот за развој на производи што покрај задоволување на потребата за нешто слатко, имаат голема придобивка и за човечкото здравје. Средбите и квалитетот на новите контакти контакти што таму ги остваривме, ги надминаа и нашите очекувања. Веруваме дека покрај постоечките 20 пазари кадешто извезуваме, нашите производи ќе се најдат и на полиците во многу други земји – вели Татјана Танева -Новаковска, бизнис менаџер на Жито пром.

Жито пром е семејна компанија од Гевгелија со речиси 25 годишна традиција. На македонскиот, но и на над 20 странски пазари се препознатливи по брендот   4U, кој се одликува со специфичен вкус и висок квалитет. Клучот за ваквата препознатливост на кроасаните 4U се заокружениот процес на производство и љубовта кон работата што компанијата ги негува веќе четврт век.

Вкусот и квалитетот на новите колачи 4U наскоро ќе биде претставен и пред потрошувачите во Македонија.

ПР-објава

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга