Жителите на Сиднеј со маски на отворено и не смеат да се оддалечат 5 километри од дома
Објавено во: Свет, Корона Вирус 30 Јули, 2021
Рекорден раст на новозаразени со коронавирус има во Сиднеј, Австралија.
Вчера е соопштено за регистрирани 239 нови случаи – највисок број од почетокот на пандемијата. Главната причина за комплицираната епидемиска ситуација е новиот делта сој. Поради таа причина, австралиските власти ги зголемија овластувањата на полицијата, што им овозможува да ги затвораат продавниците што не работат во согласност со анти-епидемиските мерки.
Над два милиони жители во осум жаришта во Сиднеј сега ќе треба да носат маски на отворено и не смеат да бидат повеќе од 5 километри оддалечени од своите домови. Сиднеј е во петтата недела од продолжената деветнеделна блокада, која треба да заврши на 28 август.