Жители на Киев: Ќе живееме без светлина, но не со Русите
Објавено во: Свет 21 Ноември, 2022
Ќе живееме без светлина, но не со Русите, велат жителите на Киев.
Нема светла, нема вода, нема начин да се готви храна. Дури и кога ќе се врати струјата, таа никогаш не е вклучена долго.
„Руските удари ја втурнуваат Украина во камено доба“, вели Анастасија Пироженко.
Во последните 24-часа, нејзината 26-катница имала струја само половина час. Таа вели дека „воените услови за живот“ ги избркале неа и сопругот од нивниот стан.
„Нашата зграда е највисока во областа и е одлична цел за руските ракети, па затоа го напуштивме станот за да отидеме кај родители и се подготвуваме за најлошата зима во нашите животи“, рече 25-годишната Анастасија.
Во украинската престолнина Киев, денеска започнаа вонредните исклучувања на електрична енергија, соопшти прес-службата на градското електростопанство.
Украинскиот национален мрежен оператор Укренерго објави дека дури 40 отсто од Украинците ги чувствуваат последиците од оштетување на најмалку 15 големи енергетски центри низ целата земја.