Жител на Калишта бесправно си изградил автокамп и два помошни објекта во Струшко
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2019
Педесетгодишен жител на Калишта, Струшко заработи кривична пријава за бесправно градење на автокамп и два помошни објекта на подрачјето на Струга.
Полицијата, како што соопшти МВР, поднесе кривична пријава против Б.К. (50) од село Калишта, Струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Како што наведуваат во текот на 2019, на подрачјето на Струга, пријавениот како сопственик и инвеститор, без добиена согласност и одобрение за градба, изградил автокамп и два помошни објекта.