ЗИМЕ ВОЗАТ ПРЕКУ ЗАЛЕДЕНА РЕКА, НА ЛЕТО РАБОТИ ТРАЕКТ: Путин ќе им го реши проблемот
Објавено во: Свет 18 Ноември, 2019
Проектот за изградба на мост ќе ја надмине изолацијата на сибирскиот регион.
Русија планира да изгради мост вреден 1.3 милијарди долари, преку реката Лена и да се поврзе областа Јакутија. Како што кажа рускиот претседател, Владимир Путин, проектот треба да биде готов во 2025 година.
Мостот ќе биде долг 3 км, при што 65 отсто од средствата ќе ги обезбеди владата, а другите пари ќе ги обезбеди приватен инвеститор.
Поминувањето на мостот ќе биде бесплатно за автомобилите, а камионите ќе мораат да плаќаат патарина.
Во зима луѓето возат преку заледена река, а во лето поминуваат со траект, така што 5 месеци во годината се отсечени од патната мрежа.