18 Април, 2021
0.0196

Зградата на министерството на Груби стана „зграда на ДУИ“

Објавено во: Економија 24 Февруари, 2021

Во зградата на Министерството за политички систем и односи на заедниците, инаку предводено од првиот вицепремиер Артан Груби, се вселија уште четири институции, од кои повеќето се формирани на иницијатива на ДУИ во изминатиот период. Владата со одлука на седница им додели нешто помалку од 1.000 метри квадратни во новата зграда која порано беше на АДСДП.

Во истата зграда со одлука на Владата се сели Ансамблот на албански народни ора и песни во Република Северна Македонија, инаку формиран во 2018, на кого на трајно користење на вториот кат му се доделуваат шест канцеларии со површина од 144,5 метри квадратни.

Агенцијата за примена на јазикот кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните, формирана во 2019, добива најголем простор - 306,5 квадратни метри, односно осум простории кои до сега на третиот кат му припаѓале на Министерството за политички систем.

На Инспекторатот зз употреба на јазиците, кој инаку е под надлежност на Министерството за правда, на првиот кат му се доделуваат седум канцеларии од 257 метри квадратни, од кои најголемата има 87 м2. На Агенцијата за остварување на правата на заедниците му се даваат 306 метри квадратни на првиот кат со седум канцеларии, од кои најголемата има 137,5 метри квадратни.

Владата за 620 милиони денари го купи објектот од Акционерското друштво за станбен и деловен простор, а Министерството за политички систем експресно се всели на почетокот од јануари. Настанот предизвика контроверзности затоа што на свеченото отворање таму беше прославен роденденот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а истовремено Државната комисија за спречување на корупцијата која инаку немаше свои простории се побуни дека на нив прво им било ветено дека ќе работат таму, но на крајот не добиле ништо.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Од утре исплата на помошта од 1,9 милијарди денари

СДСМ: Од утре исплата на помошта од 1,9 милијарди денари

Хотелите од Охрид и Струга се договорија, ќе има специјален попуст за Србите

Хотелите од Охрид и Струга се договорија, ќе има специјален попуст за Србите

Угостители: Банките и извршителите ни се закануваат, во вторник протест пред Министерството за финансии

Угостители: Банките и извршителите ни се закануваат, во вторник протест пред Министерството за финансии

Високите цени на брашното и маслото ќе останат до следната жетва

Високите цени на брашното и маслото ќе останат до следната жетва

Црна Гора купи два авиони за 21 милиони евра

Црна Гора купи два авиони за 21 милиони евра

Кој тајкун ќе ги купи? „Реплек“ продава 6,88 отсто од акциите за 240 милиони денари преку „се или ништо“

Кој тајкун ќе ги купи? „Реплек“ продава 6,88 отсто од акциите за 240 милиони денари преку „се или ништо“

Псалтиров, Саити, Тунева и Ајдини избрани за први економски советници-промотори

Псалтиров, Саити, Тунева и Ајдини избрани за први економски советници-промотори

Продолжува акционерската битка во Реплек: Туџаров и Зимбакова предлагаат нови членови на Надзорниот одбор

Продолжува акционерската битка во Реплек: Туџаров и Зимбакова предлагаат нови членови на Надзорниот одбор

ВЛАДАТА ДО КСС КОИ ПРОТЕСТИРАА - не сте репрезентативен синдикат, а сепак сте вклучени во Економско-социјалниот совет, се што ние правиме, е во интерес на работниците

ВЛАДАТА ДО КСС КОИ ПРОТЕСТИРАА - не сте репрезентативен синдикат, а сепак сте вклучени во Економско-социјалниот совет, се што ние правиме, е во интерес на работниците