20 Април, 2024
0.0305

Жетвата на пченицата започна: По која цена се откупува

Објавено во: Агробизнис 08 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Новиот министер за земјоделство водостопанство и шумарство, Трајан Димковски вели дека откупната цена на пченицата е повеќе од 10 денари, но дека цената зависи и од квалитетот на житото. Тој исто така истакна и дека годинава покажало дека е подобра цената од минатата година.

Според Димковски земјоделци кои посеале поголеми количини на пченица имаат поголеми можности да преговараат со откупувачите за поголема цена, додека кај малите земјоделци, односно оние кои имаат помали количини ќе им биде потешко да го продадат родот од самата нива.

Директорот на АФПЗР, Никола Бобовски изјави дека тенерот за избор на еконосмки оператор е успешно завршен, и дека до крајот на месец јули земјоделците ќе ги добијат и првите картички за користење на зелена нафта.

Со оваа мерка се очекува да се покријат 30 отсто од трошоците ан земјоделците за набавка на гориво за земјоделска механизација.


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари