ЖЕСТОКИ СУДИРИ ВО ТИРАНА: Го урнаа театарот, граѓаните збеснаа
Објавено во: Балкан 17 Мај, 2020
Жестоки судири денеска се случија во Тирана, откако беше урната зградата на
Народниот Театар, изграден пред 80 години. Владата донесе одлука театарот за
биде урнат, на што реагиреше опозицијата и приврзаниците според кои
осумдеценискиот објект требаше само да се реновира.
И покрај мерките кои се уште се на сила поради епидемијата во Албанија, денеска голем број граѓани излегоа на протести, меѓу кои и актери, уметници...Протестите ескалираа во жестоки судири со полицијата која употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, по што беа уапсени 30-ттина луѓе. Приведена е и сопругата на албанскиот претседател, Илир Мета, Моника Криемади, која на протестите дојде како лидер на една од помалите опозициски партии.