ЖЕШТИНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Денови со температури од 46 степени
Објавено во: Свет 22 Јануари, 2019
Австралија се бори со жештини, и во следните неколку дена ќе има температури и над 40-тиот степен.
Топлотениот бран ќе трае пет дена. Метеорологот Роб Шарп најави екстремно високи температури и вели дека в петок може да биде најопасниот ден кога станува збор за пожари. Повеќе од 200 пожари моментално горат низ Австралија.
„Ова ќе доведе до висок ризик од пожари во неколку области, па дури и екстремна опасност пожарот во делови на Тасманија, што е исклучително ретко”, вели Шарп.
За време на викендот, се очекуваат температури од 43, 44 и 46 степени.
На 18 месецов во Австралија е регистрирано топење на асфалтот. Ова се случи на 373 километри северно од градот Сиднеј.