Земјотрес во Индонезија уби најмалку 20 луѓе
Објавено во: Свет 26 Септември, 2019
Земјотрес од 6.5 степени во Индонезија уби најмалку 20 луѓе, меѓу кои има и едно дете, а стотици се повредени.
Земјотрес бил со епицентар на 37 км северо-источно од Амбон, во провинцијата Молука.
Една жена загинала на мотор обидувајќи се да избега, а едно лице почина од срцев удар од стрес.
Илјадници луѓе ги напуштија домовите во паника.
Потресот оштети голем број згради, меѓу кои се универзитетот, мостови и болничките згради и предизвика лизгањето на земјиштето.