Земјотрес со јачина од 4.8 степени ја стресе БиХ, но и делови од Хрватска
Објавено во: Балкан 30 Јуни, 2022
Земјотрес со јачина од 4.8 степени денеска ја стресе Босна и Херцеговина (БиХ). Епицентарот бил на 10 километри од Широки Бријег, а земјотресот го почувствувале луѓето во Сараево, Мостар, Широки Бријег и Зеница, како и во Макарска, Тучепи и Плоче.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Во регионот, земјотрес имаше и на Крит во Грција.