Земјотрес од 4.5 степени ја стресе Албанија
Објавено во: Балкан 15 Декември, 2019
Земјотрес од 4.5 степени утрово ја стресе Албанија.
Епицентарот бил на 6 км од Шијак, односно на 22 км од галвниот град Тирана.
Овој земјотрес бил на длабочина од 10 км.
Уште еден послаб земјотрес утрово имало во оваа соседна земја.
Вториот земјотрес бил со јачина од 2.8 степени, со епицентар на 5 км од Влора.
Во меѓувреме, властите почнаа да ги апсат луѓето кои се виновни за уривањето на градбите при силниот земјотрес кој се случи минатиот месец. Се работи за градители кои не ги почитувале прописите за градење.
Во силниот земјотрес при крајот на ноември загинаа над 50 луѓе.