Земјотрес ја стресе Глина во Хрватска
Објавено во: Балкан 11 Јануари, 2021
Земјотрес денеска ја стресе Глина во Хрватска.
Земјотресот бил со јачина од 3,2 степени според Рихтер, и бил со епицентар на 16 километри југозападно од Сисак. Истото подрачје синоќа по полноќ го потресе земјотрес со јачина од 3,9 степени. На 29 декември 2020 година градот Петриња беше скоро целосно разурнат од катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,2 степена, во кој загинаа најмалку седум луѓе.
Со епицентар во Сисак, ноќеска по полноќ е регистриран уште еден земјотерс во централниот дел на Хрватска. Надлежните информираат дека имал јачина од 4,9 степени според рихтеровата скала.Во Хрватска денеска имаше повеќе слаби земјотреси.