Земјотрес го погоди Иран, во близина има нуклеарна централа
Објавено во: Свет 08 Јануари, 2020
Земјотрес со јачина од 4,9 степени денеска го погоди јужен Иран, во близина на нуклеарна централај, јави МИА.
Земјотресот е регистриран на 10 километри југоисточно од Боразџан, соопшти американскиот геолошки институт.
Локалните власти соопштија дека е испратен спасувачки тим и оти засега нема информации за
предизвикана штета или повредени.