ЗЕМЈА ВО ЕВРОПА: Ќе ги сечат клупите, за да има дистанца
Објавено во: Свет 07 Август, 2020
Училиштата во Италија ќе ги сечат клупите за да има растојание.
Повеќето италијански училишта користат старомодни долги клупи кои не одговараат на мерките на социјална дистанца.
Наставниците треба да носат маски и визири, а учениците маски.
Училниците ќе се дезинфицираат неколку пати на ден, а часовите ќе бидат во помали групи за ограничување на социјалниот контакт.
Министерството за образование објави на почетокот на јули европски тендер за три милиони индивидуални клупи, кои треба да пристигнат во училниците до 8 септември, пишува Си-Ен-Ен.
Но, многу италијански области се загрижени што клупите нема да пристигнат навреме за почетокот на учебната година и решија да ги сечат старите дрвени клупи.
Италија беше првата европска земја што воведе целосен карантин. Затвори некои училишта на 5 март, а сите други на 10 март и досега дозволи само најмладите ученици да се вратат на училиште.Над 35.000 луѓе починаа во Италија од коронавирусот.
Заразени се скоро 250.000 Италијанци.