Земја од регионот има само еден заразен со Ковид - 19
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 21 Мај, 2020
Во Црна Гора има само еден активен случај на коронавирус.
Во последните 24 часа е потврден само еден случај на заболен од Кобид -19.
Но, резултатот од повтореното тестирање е негативен, и се претпоставува дека, најверојатно, вирусот е во завршна фаза. Луѓето кои биле во контакт со тоа лице се идентификувани и ставени во самоизолација.
Во Црна Гора од вчера до денес две лица оздравеле од коронавирусот.
Во Црна Гора се потврдени 324 случаи, од кои 314 оздравеле, а девет лица починале.
Оваа земја беше меѓу последните во регионот каде се појавија заболени од Ковид -19.Земјата веќе ги отвори хотелите и рестораните, со што туристичката сезона може да почне.
При тоа оваа земја соопшти дека откако корона кризата ќе заврши, кај нив Италијаницте се добредојдени, иако Италија беше главно жариште во Европа за вирусот.