ЗЕМЈА КАДЕ МОЖЕТЕ ДА ЛЕТУВАТЕ: Ги тргнаа рестрикциите и чекаат туристи
Објавено во: Свет, Корона Вирус 05 Јуни, 2020
Кипар ги укинува ограничувањата и ги очекува првите гости.
Владата три седмици порано ќе ги укине повеќето ограничувања наметнати поради пандемијата.
Во оваа земја стапката на инфекција со вирусот е постојано мала.
Министерот за здравство, Констандинос Јоану, кажа дека третата фаза од постепеното укинување на ограничувањата ќе биде завршена на 24 јуни наместо на 14 јули, како што беше планирано.
Забраната за собирање до 10 лица на јавно место ќе остане во сила најмалку до 24 јуни.
Од 9 јуни повторно ќе почнат со работа трговските центри, аеродромот, хотелите, баровите и рестораните, летното кино и театрите на отворено.
Казината, училиштата за танцување, спортските сали, аква-парковите ги отвораат своите врати четири дена подоцна, на 13 јуни.
Туризмот во светот оваа година ќе претрпи многу промени.