ЗЕМАН СТОЕШЕ ВО ПОСЕБНА КАБИНА: Чешкиот претседател го назначи новиот премиер во посебни услови
Објавено во: Свет 28 Ноември, 2021
Милош Земан, претседател на Чешка го назначи денеска Питер Фиала за премиер на земјата во замокот во Лани. Земан е позитивен на коронавирус па во замокот стоеше во посебна кабина од плексиглас.
„Бидејќи претседателот на Републиката треба да придонесе за непречено формирање на нова влада, сакам да ве информирам дека утре ќе ја поминам првата средба со вашите предложени кандидати, по азбучен ред, бидејќи никој не треба да е дискрминиран. Оваа серија завршува на 13. декември и оттогаш ќе може да се подготви формирање на влада во целина. Како заклучок, дозволете ми уште еднаш да ви посакам што е најважно во политиката, успех и чувство на добро завршена работа, изјави Земан.
Фиала е поранешен политиколог и шеф на Граѓанската демократска партија. Тој формираше коалиција со две помали партии: центристичките Демохристијани и централно-десничарскиот „ТОП 09“. Коалицијата тесно го порази движењето АНО на премиерот во заминување Андреј Бабиш. По изборите, коалицијата на Фиала додаде две центристички партии за да обезбеди мнозинство од 108 места во 200-члениот законодавниот дом.